Дома | Цели на проектот
PDF Печати Е-пошта
plakat-mak_1

За проектот

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите при Советите на единиците на локалната самоуправа како клучен елемент кој придонесува кон остварување на политиката за родова рамноправност на локално ниво. Преку обезбедување техничка помош и обука за машинеријата за родова рамноправност на локално ниво, проектот ќе придонесе кон натамошно разјаснување и спроведување во пракса на надлежностите на овие комисии, ќе го зајакне нивниот капацитет и авторитет за ефикасна и ефективна координација на политиките за родова рамноправност и ќе го подобри разбирањето и спроведувањето во пракса на концептите на родова рамноправност и на родов „мејнстриминг“ (воспоставување на еднакви можности за жените и мажите во главните општествени текови) во изготвувањето на локалните политики.

 


Проектот ја опфаќа територијата на целата држава и неговите активности ќе се спроведуваат во следниве меѓусебно поврзани и меѓузависни области кои се надополнуваат едни со други:

1. Проценка на капацитетите и на потребите од обука проследено со обука за сите координатори за еднакви можности;

2. Обука за членовите/советниците од Комисиите за еднакви можности и заинтересираните страни за изготвување на Акциони планови за родова рамноправност за секоја општина;

3. Изработка на интернет портал за родов „мејнстриминг“ како алатка за мрежна соработка и на хоризонтално и на вертикално ниво и размена на искуства помеѓу Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика, единиците на локалната самоуправа и Комисиите за еднакви можности за жените и мажите при локалните самоуправи

 


Последно освежено на Четврток, 16 Јули 2009 14:00
 
 

Слични содржини

Барај

Банер
Банер

Анкета

Како ја оценувате работата на Комисиите за еднакви можности