Цели и резултати
Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на Комисиите за еднакви можности во рамките на локалната самоуправа како клучен елемент кој придонесува кон остварување на политиката за родова рамноправност на локално ниво.
Проектните активности ќе бидат насочувани на начин што ќе обезбеди создавање на поврзаност помеѓу одлуките што се донесуваат врз основа на локалните политики и прашањата од реалниот секојдневен живот како што се здравствената заштита, домашното насилство, помошта за самохраните мајки или пристапот до вработување, образование и правда.
Клучните елементи/очекувани резултати од овој проект се следниве:
- Да бидат создадени функционални мрежи за родова рамноправност помеѓу единиците на локалната самоуправа и Секторот за еднакви можности при МТСП;
- Да биде зајакната стручноста за родовата проблематика во државата;
- Да се зајакнат капацитетите на различните сектори од општинската администрација во однос на разбирањето на родовата проблематика и родовиот „мејнстриминг“ преку координаторите на КЕМ;
- Да се подобри разбирањето и зајакне капацитетот на советниците – членови на КЕМ и на главните партнери од редовите на вработените од различни сектори во општината за имплементирање на родовиот „мејнстриминг“ во сите функции и области на работа на општината (здравство, образование, вода и санитарни услови итн.).
- Да се воспостави интернет форум за споделување на информации и искуства.
- Во 80% од инволвираните општини да се направи проценка за тоа колку родовата проблематика е застапена во клучните области од работењето на општината.
- Да бидат изготвени, односно ажурирани Локалните акциони планови за родова рамноправност за сите општини каде функционира КЕМ.
Планирани корисници
Главната целна група на проектот ќе бидат координаторите на Комисиите за еднакви можности и советниците во општините, како и главните партнери од редовите на вработените од различни сектори во општината (здравство, образование, вода и санитарни услови итн.). Меѓу корисниците треба да се вбројат и локалните одлучувачи и самите граѓани. Преку обуки, менторство и други форми на размена на знаења, општините ќе бидат во можност подобро да се справуваат со оваа проблематика и истата да ја интегрираат во изготвувањето политики и во нивната секојдневна работа.
Преку иницирање на широк процес на консултации со релевантните партнери во врска со содржината на Локалниот акционен план за родова рамноправност, проектните резултати ќе допрат до пошироката јавност во општините кои ќе бидат директно инволвирани. Преку презентирање на наодите од извештаите за направените проценки на најдените состојби и на Локалниот акционен план за родова рамноправност на интернет, како и на аналитички студии и други релевантни материјали добиени од други земји, клучните пораки би ù станале достапни и на целокупната јавност во државата.
|
|
Последно освежено на Четврток, 16 Јули 2009 09:34 |