Дома | Вести | Обука на судии и адвокати за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената
PDF Печати Е-пошта

Обука на судии и адвокати за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената

Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ја отвори првата обука за судиите, јавните обвинители, персоналот на народниот правобранител и адвокати, за Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената (CEDAW) и Факултативниот протокол.Еден од начините да се елиминира дискриминацијата е да се мобилизираат сите фактори во општеството со цел спроведување на основниот концепт на социјална еднаквост, човекови права и демократија, истакна министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами на отворањето на првата обука за судии, јавни обвинители, персонал на народниот правобранител и адвокати, за Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената и Факултативниот протокол. 

Нашата држава, рече Бајрами, сеуште се соочува со различни форми на родова дискриминација.

- Посветено работиме на имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како имплементација на целите и приоритетите од Националниот план за родова рамноправност, усвоена од Владата на Република Македонија, додаде министерот за труд и социјална политика.





На отварањето на обуката свое обраќање имаа и министерот за правда, Михајло Маневски, заменик амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Наталија Дрозд и директорот на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, судијата Анета Арнаудовска.

Министерот за правда, Михајло Меневски посочи дека како потписник на Конвенцијата државата презема мерки заради отстранување на дискриминацијата на жените што ќе обезбедат еднакви права со мажите во политичкиот и јавниот живот, образование, здравство, вработување и сите прашања што се однесуваат на бракот и семејството..

- Еднакви права за жените и мажите и нивната заштита се значајни за мирот, демократијата и економскиот развој, а со тоа и за безбедноста и стабилноста во регионот, рече амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Наталија Дрозд.

Министерството за труд и социјална политика потпиша Меморандум за разбирање со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Академијата за обука на јавни обвинители и судии за имплементација на овој проектот,
во чии рамки ќе се реализираат четири дводневни обуки.

Последно освежено на Петок, 17 Јули 2009 08:35
 
 

Барај

Банер
Банер

Анкета

Како ја оценувате работата на Комисиите за еднакви можности