|
Лист 1 од 2 Работилници за зајакнување на капацитетите за родова рамноправност на локално ниво
Септември 2009
Министерството за труд и социјална политика и Програмата за Развој на Обединетите Нации (УНДП) организираа пет еднодневни работилници за „Внесување на родовата рамноправност во главните текови на локалните политики“ во рамките на проектот „Поддршка на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите во единиците на локалната самоуправа“. Обуките беа наменети за Координаторите за еднакви можности и претседателите на Комисиите за еднакви можности за мажите и жените. Работилниците се оддржаа во: Струмица, хотел Илинден, 18 септември; Велес, хотел Романтик, 23 септември; Битола, хотел Епинал, 25 септември; Маврово, хотел Радика, 29 септември и Берово, Хотел Манастир, 30 септември 2009. Цел на обуките беше да се зајакнат капацитетите на различните сектори од општинската администрација во однос на разбирањето на родовата проблематика и родовиот „мејнстриминг“ преку Координаторите за еднакви можности и претседателите на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите во едниците на локалната самоуправа.
|
|
Последно освежено на Понеделник, 19 Октомври 2009 10:21 |