|
Конференција „Обезбедување на еднакви можности во локалните заедници“
4 јуни 2009
Хотел Александар Палас, Скопје
Наративен опис
Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Програмата за развој на Обединетите Нации во рамките на проектот „Поддршка на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите во единиците на локалната самоуправа“ ја организираат Конференцијата „Обезбедување на еднакви можности во локалните заедници“. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите при Советите на единиците на локалната самоуправа како клучен елемент кој придонесува кон остварување на политиката за родова рамноправност на локално ниво.
Преку обезбедување техничка помош и обука за машинеријата за родова рамноправност на локално ниво, проектот ќе придонесе кон натамошно разјаснување и спроведување во пракса на надлежностите на овие комисии, ќе го зајакне нивниот капацитет и авторитет за ефикасна и ефективна координација на политиките за родова рамноправност и ќе го подобри разбирањето и спроведувањето во пракса на концептите на родова рамноправност и на родов „мејнстриминг“ (воспоставување на еднакви можности за жените и мажите во главните општествени текови) во изготвувањето на локалните политики.
Цели на конференцијата:
Целта на конференцијата е да го претстави значењето од внесување на родовиот концепт на локално ниво како и значењето од спроведувањето на Националниот акционен план за родова рамноправност усвоен од Владата.
Конкретни цели на конференцијата:
- Да се претстават целите и активностите на проектот;
- Да се дискутира потребата од воспоставување на еднакви можности за жените и мажите во главните општествени текови во изготвувањето на локалните политики;
- Да се презентира дизајнот на веб форумот;
Агенда:
|
10:00- 10:20
|
Поздравни обраќања и вовед
Говорници:
Г-дин Џељаљ Бајрами, Министер за труд и социјална политика
Г-а Ан – Мари Али, Вршител на должност Постојан претставник на УНДП
Г-а Лилјана Поповска, Претседателка на Парламентарната Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Модераторка на конференцијата: Г-а Елена Грозданова, Државна советничка, Министерство за труд и социјална политика
|
|
10:20-10:25
|
Презентација:
Презентација на проектот: „Поддршка на комисиите за еднакви можности за жените и мажите во единиците на локалната самоуправа“
Говорници: Г-а Афердита Хаџијаха - Имери, УНДП Програмска координаторка за социјално вклучување
|
|
10:25-10:45
|
Презентација:
Родов „мејнстриминг“ на локално ниво: важноста од вклучување на принципот на еднакви можности во локалните политики
Говорници: Г-а Ан - Маргарит Апел, Меѓународна консултантка
|
|
10:45- 10:50
|
Презентација на Веб - форумот
Говорници: Претставници од консултантска компанија
|
|
10:50-11:30
|
Дискусија:
Улогата на родовите механизми во локалниот економски
|
|
11:30-11:40
|
Затворање на конференцијата
|
|
11:40-12:30
|
Коктел
|
Учесници на конференцијата:
- Претставници од Министерството за труд и социјална политика
- Претставници од УНДП, УНФПА и УНИФЕМ
- Претставници од Министерството за локална самоуправа
- Претставници од Секретаријат за европски прашања
- Градоначалници
- Претставници од Комисиите за еднакви можности
- Претставници од Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)
- Претставници од Парламентот (Комисија за еднакви можности и Клуб на жените парламентарки)
Претставници од невладините организации и академскиот сектор, активни во областа на родова еднаквост
Проектот ја опфаќа територијата на целата држава и неговите активности ќе се спроведуваат во следниве меѓусебно поврзани и меѓузависни области кои се надополнуваат едни со други: 1. Проценка на капацитетите и на потребите од обука проследено со обука за сите координатори за еднакви можности; 2. Обука за членовите/советниците од Комисиите за еднакви можности и заинтересираните страни за изготвување на Акциони планови за родова рамноправност за секоја општина; 3. Изработка на интернет портал за родов „мејнстриминг“ како алатка за мрежна соработка и на хоризонтално и на вертикално ниво и размена на искуства помеѓу Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика, единиците на локалната самоуправа и Комисиите за еднакви можности за жените и мажите при локалните самоуправи.
|
|
Последно освежено на Среда, 15 Јули 2009 15:43 |