Дома | Настани | Тренинзи за систем за управување со содржини на интернет портал
PDF Печати Е-пошта

plakat-mak_1

Обука за управу-
вање со
содржини
на веб
портал

 

Тренинзите за систем за управување со содржини на интернет портал и користење на интернет форум за дискусии се оддржаа во периодот 01-03.07.09 и 06-08.07.09 во Скопје со цел да ги зајакнат капацитетите на локалните Координатори за еднакви можности во администрирањето, користењето и разменувањето на информации на новата интернет страна која ќе почне да се употребува од средината на август. Интернет порталот за родов „мејнстриминг“ ќе служи како алатка за мрежна соработка на хоризонтално и на вертикално ниво и размена на искуства помеѓу Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика, единиците на локалната самоуправа и Комисиите и Координаторите за еднакви можности за жените и мажите при локалните самоуправи.

 

Освен за размена на искуства и практики, т.е. оценка на Локалните акциони планови за родова рамноправност од страна на останатите општини или колеги, интернет форумот ќе служи и како место каде ќе се чуваат редовните годишни извештаи за направениот напредок што ќе ги доставуваат комисиите преку координаторот. Исто така, на овој интернет форум ќе бидат достапни различни алатки за практикување на демократските права (анкети, групи за дискусија, истражувања итн.) како и алатки за расчленување на примените податоци по пол.

Тренинзите беа посетени од претставници од 36 општини од вкупно 85 општински координатори поканети, претставени преку Координаторите за еднакви можности или лицата одговорни за ИТ поддршка на интернет страниците во општините.

На обуките за корисници (01-03.07.09 и 06-07.07.09) наменети за Координаторите за еднакви можности, вкупно 40 претставници учествуваа. На обуката за администратори (08.07.09), 11 претставници беа присутни, вклучувајќи 3 претставници од Министерството за труд и социјална политика. Администраторите ќе вметнуваат и ажурираат податоци, соодветни информации и материјали на интернет порталот.

Општините кои учествуваа на обуките преку своите координатори, претставници се следниве: Виница, Бутел, Врапчиште, Аеродром, Велес, Боговиње, Арачиново, Битола, Дебар, Демир Капија, Ѓорче Петров, Гевгелија, Долнени, Другово, Град Скопје, Гази Баба, Желино, Гостивар, Карбинци, Крива Паланка, Кратово, Брвеница, Кривогаштани, Лозово, Прилеп, Неготино, Пробиштип, Ново Село, Могила, Пласница, Ростуше, Радовиш, Василево, Струмица, Центар, Старо Нагоричане и Зајас.

Анекс 1: Општини кои присуствуваа на тренинзите

Веб CMS Обуки Дата: Бр. на учесници: Општини кои учествуваа на тренинзите: Број на поканети гости: Општини поканети по групи:
Група 1 01.07.2009 11 (вклучувајќи 2 од Арачиново, 2 од Врапчиште и 2 од МТСП)MLSP)

Виница, Бутел, Врапчиште, Аеродром, Велес, Боговиње, Арачиново, Битола

17 Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Боговиње, Босилово, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Вранештица, Врапчиште, Шуто Оризари
Група  2 02.07.2009 12 (вклучувајќи претставник од МТСП и 2 од Другово)

Дебар, Демир Капија, Ѓорче Петров, Гевгелија, Долнени, Другово, Град Скопје, Гази Баба, Желино, Гостивар

17 Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Гостивар, Град Скопје, Градско, Дебар, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Другово, Желино, Зајас, Зелениково
Група 3 03.07.2009 6

Карбинци, Крива Паланка, Кратово, Брвеница, Кривогаштани, Лозово

17 Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Липково, Лозово
Група 4 06.07.2009 11 (вклучувајќи 2 од Неготино и 2 од Пробиштип)

Прилеп, Неготино, Пробиштип, Ново Село, Могила, Пласница, Ростуше, Радовиш, Василево

17 Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Осломеј, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен
Група 5 07.07.2008 3 Струмица, Центар, Старо Нагоричане 17 Росоман, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струга, Струмица, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Центар Жупа, Чаир, Чашка, Чешиново, Чучер Сандево, Штип
Група 6
08.07.2009 11 (вклучувајќи 3 претставници од МТСП) Зајас, Дебар, Василево, Град Скопје, Желино, Велес, Кратово, Демир Капија 15 Град Скопје, Велес, Врапчиште, Арачиново, Демир Капија, Кратово, Дебар, Пробиштип, Василево, Желино, Зајас, Делчево + претставници од МТСП
Вкупно: 54 Број на општини претставени: 36 од 85 (42,4 %) + 8 општини претставени на обуките за администратори 85 (за основни тренинзи за корисници) и 15 (администратори) 85 општини



Анекс 2: АГЕНДА

Обуки за корисници, 5 групи; Дата:  01-03.07.09 и 06-07.07.09

10:00 – 12:30    Обука за корисници (Дел 1)

Систем за управување со содржини на интернет портал (CMS)

  1. CMS Модули
  2. Управување со содржини (1)
  • Страни
  • Менија
  • Контакти

12:30 – 13:00    Пауза

13:00 – 15:30    Обука за корисници (Дел 2)

  1. Управување со содржини (2)
  • Вести
  • Настани
  • Анкети
  • Интернет линкови
  1. Форум

Обука за администратори, 1 група; Дата:  08.07.09


10:00 – 12:30    Обука за администратори (Дел 1)

  1. Управување со интернет страната
  2. ID Управување
  3. CMS Управување

12:30 – 13:00    Пауза

1300 – 15:30 Обука за администратори (Дел 1)

  1. Форум
  2. Екстензии
  3. Форум
Последно освежено на Четврток, 16 Јули 2009 07:49
 
 

Барај

Банер
Банер

Анкета

Како ја оценувате работата на Комисиите за еднакви можности