|
Лудвиг Болцман Институтот за човекови права, со финансиска поддршка од Австриската развојна соработка и Министерството за труд и социјална политика со задоволство го објавува следниов
ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ За 8 (осум) партнер општини Во рамките на проектот "Социјална инклузија и Човековите права во Македонија" “ПЗЧП од теорија во пракса – нова димезија во поглед на човекови права кон социјална инклузија и намалување на сиромаштијата”
за повеќе информации Ве молиме кликнете тука |
|
Последно освежено на Среда, 10 Март 2010 15:40 |
|
За проектот
Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите при Советите на единиците на локалната самоуправа како клучен елемент кој придонесува кон остварување на политиката за родова рамноправност на локално ниво. Преку обезбедување техничка помош и обука за машинеријата за родова рамноправност на локално ниво, проектот ќе придонесе кон натамошно разјаснување и спроведување во пракса на надлежностите на овие комисии, ќе го зајакне нивниот капацитет и авторитет за ефикасна и ефективна координација на политиките за родова рамноправност и ќе го подобри разбирањето и спроведувањето во пракса на концептите на родова рамноправност и на родов „мејнстриминг“ (воспоставување на еднакви можности за жените и мажите во главните општествени текови) во изготвувањето на локалните политики.
|
|
Последно освежено на Четврток, 16 Јули 2009 14:00 |
|
Повеќе...
|
|
Конференција
„Обезбедување на
еднакви можности во
локалните заедници“
4 јуни 2009
Хотел Александар Палас, Скопје
Наративен опис
Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Програмата за развој на Обединетите Нации во рамките на проектот „Поддршка на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите во единиците на локалната самоуправа“ ја организираат Конференцијата „Обезбедување на еднакви можности во локалните заедници“. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите при Советите на единиците на локалната самоуправа како клучен елемент кој придонесува кон остварување на политиката за родова рамноправност на локално ниво. ......повеќе
Цели на конференцијата:
Целта на конференцијата е да го претстави значењето од внесување на родовиот концепт на локално ниво како и значењето од спроведувањето на Националниот акционен план за родова рамноправност усвоен од Владата.
Конкретни цели на конференцијата:
- Да се претстават целите и активностите на проектот;
- Да се дискутира потребата од воспоставување на еднакви можности за жените и мажите во главните општествени текови во изготвувањето на локалните политики;
Да се презентира дизајнот на веб форумот; |
|
Последно освежено на Понеделник, 20 Јули 2009 08:28 |
|
|
Тренинзи за систем за управување со содржини на интернет портал и користење на интернет форум за дискусии
Тренинзите за систем за управување со содржини на интернет портал и користење на интернет форум за дискусии се оддржаа во периодот 01-03.07.09 и 06-08.07.09 во Скопје со цел да ги зајакнат капацитетите на локалните Координатори за еднакви можности во администрирањето, користењето и разменувањето на информации на новата интернет страна која ќе почне да се употребува од средината на август.....повеќе |
|
Последно освежено на Четврток, 16 Јули 2009 08:51 |
|
|